gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска: Жените ментори со важна улога во развојoт на економијата

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија,  Данела Арсовска,  со свое официјално обраќање ја отвори три дневната Конференција на ментори во Скопје и заедно со Амбасадорот на Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пламп и организаторот Славица Николовска, Македонската мрежа на ментори им посакаа добредојде на над 60 професионалци ментори во Скопје од Македонија, Холандија, Албанија и Косово.

Целта на конференцијата со која стартува проектот "Зајакнување на жените преку менторство“ е да се поттикне важноста на менторскиот процес, како и вмрежувањето во Република Македонија и во регионот  во насока на   промовирање на еднаквите права на мажите и жените како и  поддршка на иницијативите на жените претприемачи.

Во своето обраќање Арсовска истакна дека  менторите се многу важен дел од персоналниот и професионалниот развој, инспирација за идната генерација на ентузијасти во градење на силно, просперитетно и толерантно општество, со посебна важност на улогата на жените во општествениот прогрес.

И покрај зголемената свест за важноста и улогата на жените која може да биде клучна во менувањето на економската моќ на земјата, сепак во приватниот сектор, дефинитивно жените не се доволно застапени на раководни позиции и постои нерамноправна борба бидејки да бидеш еднаков значи да постојат еднакви можности за развој. Сметаме дека тука е  основната улогата на менторите, да поттикнат, да поддржат и да подадат рака на перспективните жени со цел постигнување на успех  и лидерство во својот домен на делување“, рече Арсовска во своето обраќање и додаде дека во брзорастечките економии, жените имаат поголем удел во економијата, информации за најновите светски трендови, повеќе можности за иновации и поинаков поглед на светот.

Сојузот на стопански комори на Македонија е национален партнер на Македонската мрежа на ментори, а конференцијата е поддржана од Холандската Амбасада во Република Македонија.

Прочитано 160 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не