gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одржана тркалезна маса на тема: Можност за претприемништво, мерки и програми за поддршка

На 18-ти септември 2018 (вторник), во Опера Хаус Хотел во Скопје со почеток од 13 часот, беше одржана тркалезна маса на тема Можност за претприемништво, мерки и програми за поддршка? дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute). Проектот се имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

На настанот покрај ССК присуствуваа над 30 учесници, претставници од бизнис, владини и граѓанскиот сектор. Проектниот менаџер од Фондација за менаџмент и индустриско истражување, г-ѓа Емилија Андонова ја отвори оваа конференција со презентирање на реализираните активности дел од овој проект како и презентирајќи ги можностите за вклучување во проектната програма. Преку обуки, советување, менторски сесии, онлајн курсеви за развој на вештини, вклучување во активностите на Национален совет за женско претприемништво, користење на web-портал за информации поврзани со женско претприемништво како и водич за граѓански организации и промотивни брошури сите заинтересирани ќе имаат можност да се информираат, едуцираат и вклучат.

Г-ѓа Валентина Дисоска од Здружение на бизнис жени зборуваше за важноста на проектот за развојот на женското претприемништво како и чекорите кои се направени на оваа тема за подобрување на можностите за жените претприемачи. Г-ѓа Драгица Јерков надворешен експерт од Хрватска ги презентираше проблемите со кои се соочуваат жените претприемачи во Хрватска и искуството кое го поминале за да можат да направат значителни чекори кон подобрување на животот, можностите и програмите за поддршка на жените претприемачи.  Потенцирајќи дека општеството и жените претприемачи потребно е да работат заедно помагајќи си еден на друг во остварување на своите цели.  Г-ѓа Мери Ен Рукавина Ципетиќ од ГТФ – Иницијатива за одржлив раст од Хрватска ги презентираше гледиштата на оваа тема од Регионални, Европски и светски рамки посочувајќи на фактот дека промените се видливи само доколку се работи заеднички со сите релевантни фактори и институции во државата и доколку се отвораат нови можности и мерки постојано согледувајќи ги потребите на жените претприемачи. 

Сојуз на стопански комори на Македонија е член на Националниот Совет за женско претприемништво.

Прочитано 307 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не