gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Градежништвото во фокус на јавно-приватниот дијалог

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и компании членови  предводени од претседателот на Градежната комора Ивица Јакимовски во насока на зацврстување на јавно-приватниот дијалог остварија работна средба со кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија.

Фокусот на средбата беше подобрување на состојбата во градежниот сектор, кој во изминатите два квартали бележи стагнација.  Градежната комора на Македонија ги претстави стратешките цели, како и потребата од редовни состаноци со претставниците на државните институции со цел воспоставување квалитетен јавно приватен дијалог кој треба да има долгорочни позитивни ефекти врз условите за водење на бизнис на компаниите кои несомнено придонесуваат кон севкупниот економски развој.

Воспоставување на организиран начин на дејствување ќе значи поттик за остварување на планирани инвестиции не само за градежните компании, туку и за над 20 други стопански гранки директно поврзани со градежништвото. Градежната комора при ССК активно работи на подобрување на состојбата во секторот градежништво и во таа насока соработката со сите релевантни чинители во секторот градежништво е особено важно за создавање на услови за модерна урбанистичка средина“, велат од Градежна комора на Македонија.

Сојузот на стопански комори на Македонија се залага за унапредување на условите за водење на бизнис, за обезбедување на правна сигурност на компаниите како услов за реализацијата на инвестициите, како и отвореност за соработка со релевантните чинители во насока на стратешко и долгорочно планирање на идни проекти.

Прочитано 478 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не