gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Средба со амбасадорот на Иран

Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) ,Александар Зарков, оствари средба со амбасадорот на Исламската Република Иран Н.Е Хусеин Карими.

На средбата беа искажани потенцијалите за унапредување на економските релации меѓу двете земји во насока на зголемување на трговската размена и креирање можности за воспоставување директни бизнис релации помеѓу компаниите на двете држави.

Од страна на амбасадорот на Исламската Република Иран беше презентирана економската состојба и достигнувања од страна на нивната држава и основните параметри преку кои Иран претставува 4-та економија на Блискиот Исток, втор извозник во светот на гас и на четврто светско место како извозник на нафта. Дополнително на состанокот се дискутираше за развојот и економскиот успех на Иран преку "Knowledge based economy" преку која Иран претставува водечка држава со едни од најголемите достигнувања во креирање на успешни примери во светски рамки на технолошки индустриски паркови. Од страна на ССК беше потенцирана важноста за следење на успешните примери како Иран и креирање на можности за размена на искуства помеѓу двете држави. Како резултат на ова на покана на амбасадорот компаниите членови на ССК ќе имаат можност да присуствуваат на два значајни настани , односно саемитe посветени на технологија, производство и иновации во транспорт и логистика, конструкција и одржување на патишта и современа технологија. (Iran Trans Expo 2018 - www.irantransexpo.com и 2nd Exhibition of Knowledge Based Companies - www.dbexpo.ir)

Минатата година извозот на стоки од Република Македонија кон Иран изнесува околу 400 илјади долари, што претставува мал дел од вкупниот ирански увоз, кој е на ниво од околу 40 милијарди долари.

Прочитано 315 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не