gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Субвенции за преквалификација на невработените

Вицепремиерот Кочо Анѓушев појасни дека идејата е да се надмине еден од најголемите проблеми што ги имаат стопанствениците со недостатокот на кадар, а од друга страна да им се помогне на невработени лица со тоа што ќе им биде понудена шестмесечна преквалификација која ќе биде поддржана од државата. На настанот присуствуваше Габриела Кулебанова, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Нова мерка „Шанса за сите“ која опфаќа преквалификација на невработените лица во согласност со потребите на стопанството предложија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Мерката, која треба да биде дел од Оперативниот план за вработување за 2019 година на Владата, беше образложена на информативната сесија на која присуствуваа и првите луѓе на стопанските комори, бизнис асоцијациите и други организации.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев појасни дека идејата е да се надмине еден од најголемите проблеми што ги имаат стопанствениците со недостатокот на кадар, а од друга страна да им се помогне на невработени лица со тоа што ќе им биде понудена шестмесечна преквалификација која ќе биде поддржана од државата.

Анѓушев кажа дека потребно е да се прилагоди образованието на потребите на стопанството и посочи дека во одредени општини во Македонија има диспропорција на образованието на невработените со потребите на компаниите. Како пример посочи дека во една од општините има 12 невработени дипломирани географија или историја, а едно училиште каде е потребен само еден наставник. Јасно, е вели тој, дека другите 11 лица нема да се вработат во догледен период и дека треба да им помогнеме да се преквалификуваат и својата среќа да ја најдат во Република Македонија.

Предлогот е ниво на општини да се направат анализи за образованието на невработените, а компаниите да номинираат работни места.

– Да видиме кој е заинтересиран за тоа работно место. Да видиме колкав е интересот за таа работа за да предвидиме соодветни средства во Буџетот за 2019 година во Оперативната програма на МТСП, за да го поддржиме преквалификувањето на тој кадар- рече Анѓушев.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска идејата е преку дијалог со бизнис заедницата да се креираат соодветни мерки со кои ќе се избалансира понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

– Во 2019 година да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот. Дебатата е што понатаму, а за тоа можете да ни кажете најдобро вие- рече Царовска.

Оперативниот план за вработување, според неа, дал одлични резултати, а годинава буџетот за вработување е речиси двојно поголем од 2016 година.

Луиза Винтон, постојана преставничка на Програмата за развој на Обединетоте нации (УНДП), потенцираше дека УНДП, преку своите проекти со националните партнери, се фокусира како најбрзо и најефикасно да се пополни недостатокот од квалификувана работна сила.

Претставниците на стопанските комори и бизнисмените го поздравија предлогот на Владата потенцирајќи дека можеби не треба да се чека до 2019 година туку дека со преквалификација на кадарот треба да се започне веднаш.

Прочитано 255 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не