gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одржан Отворен ден за Регионална инвестициска агенда за Западен балкан

Денес во рамки на проектот “Воспоставување дијалог за Регионалната инвестициска агенда меѓу владините институции, приватниот сектор и граѓанските организации (“Invigorating Policy Dialogue on RIRA-Regional Investment Reform Agenda)”, кој го спроведува Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Сојуз на стопански комори на Македонија, се одржа Отворен ден за Регионална инвестициска агенда за Западен балкан.

Цел на настанот е да се интегрираат институциите, бизнис заедницата и невладиниот сектор во инвестиционите процеси и да се информираат за Регионалната инвестициска агенда (РИРА Агенда) како и да се разменат искуства и во отворена дискусија се идентификуваат предлози за унапредување на инвестициската политика и се обезбеди поддршка на сите засегнати страни во процесот.

На настанот покрај организаторите се обрати и г. Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, кој напомена дека сите страни во процесот треба да соработуваат со цел унапредување на инвестиционата политика и создавање на можности за зголемување на конкурентноста на македонските компании

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council).

Прочитано 318 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не