gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Нова домашна инвестиција – отворена фабриката за пелети Eko Life

Нова домашна инвестиција и  вработувања во регионот на општина Ранковце и Крива Палнка. Започнува со работа првата домашна фабриката за пелети Eko Life, инвестиција вредна 3 милиони евра. На денешното свечено отворање поздравно обраќање имаше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, присуствуваа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, Зорица Апостолска, министер во Владата на Република Македонија, градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски,  како и дел од раководството на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Инвеститорот Ивица Јаќимовски, истакна дека Eko Life е компанија која е дел од семејството Голден Арт со различна дејност но која се темели на исти вредности со целосно затворен технолошки процес за производство на пелети.

Eko life е компанија со која ќе се даде акцент на еко производите во Република Македонија. Првиот производ со кој започнува производството е токму „Пелет“ со кој придонесуваме по повеќе основи во Еко системот. Инвестицијата е проектирана од 3 милиони евра, временски период на реализација на инвестицијата е 6 месеци, вложени се 2 милиони и 300 илјади евра со што остатокот од 700 илјади евра ќе се инвестираат следните 6 месеци. Во моментот во фабриката се вработени 40 лица, а со инвестицијата во производство на дрвени производи, предвидено е бројката на вработени  за следен период да се искачи на 100 лица“ изјави Јаќимовски.

Покрај директните вработувања Екo Life ќе влијае и на поттикнување на дополнителни вработувања во делот на добавувачи на материјали, со што се очекува позитивно економско влијание врз населението на територија на општина Ранковце и Крива Паланка за понатаму овој тред да продолжи и на остатокот на територијата на Република Македонија. 

Сојузот на стопански комори на Македонија дава силна поддршка на домашните инвеститори кои и во услови на неизвеснос2т инвестираат по најнови светски стандарди со силен акцент на општествената одговорност, подобар квалитет на живот и заштита на околината во која живееме. Од Сојузот велат дека приватиот сектор треба да биде носител и двигател на економскиот раст во земјата кој ќе генерира нови вработувања, како би можеле да очекуваме солидни економски резултати и подобрување на стандардот и квалитет на живот.

Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво и  согласно истражувањата греењето со пелети загадува 20 пати помалку отколку со дрва.  Употребата на пелети за огрев, во домаќинствата и деловните објекти во земјите од Европската унија од година во година раст.

Прочитано 126 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не