gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Договор со проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) потпиша договор за отпочнување на проект на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кој се стреми кон развивање на старт ап еко системот, создавање на работни места, подобрување на деловните услови и пристапот до финансии. Извршниот директор на Сојузот, Александар Зарков, денес и официјално го потпиша договорот со директорот на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Мирјана Македонска.

Во соработка со УСАИД, Сојузот ќе го реализира проектот „MK Business Excellence” што подразбира дигитализирање на работата на комората согласно најновите светски трендови во насока на зголемување на конкурентноста и ефикасноста во своето работење како и приспособување на услугите за потребите  на компаниите членови на комората. 

Дигитализацијата го менува начинот на кој се развиваат компаниите денес и ја зголемува продуктивноста, а со тоа ја унапредува нивната конкурентност на глобалниот пазар и претставува основна алатка за пораст и развој не само на компаниите туку и  на економијата во целина. Придобивките како за комората така и за компаниите членови од стартот на проектот ќе бидат бројни, од аспект на  поголем ефективност и ефикасност на работењето, кое понатаму ќе доведе до поголема конкурентност.

Прочитано 486 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не