gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Стратегија за овластен економски оператор

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Царинска Управа Ве информира дека Царинска Управа донесе Стратегија за овластен економски оператор.

Стратегијата можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.

Во денешно време, светската економија е во постојан пораст, со постојано зголемување на трендот кон глобализацијата. Забрзаниот проток на стоки, услуги, производни елементи и информации помеѓу земјите е во постојан пораст, преку зголемена ефикасност на алокацијата на светските ресурси и продлабочување на економската поврзаност помеѓу земјите и зависност на економиите. Сведоци сме на се поголема употреба на регионалните договори за слободна трговија и натамошно промовирање на регионалната економска интеграција. Сите овие карактеристики на постоечката состојба влијаат на државите да градат што поздрави трговски окружувања што треба да излезат во пресрет на економската глобализација. Важноста на олеснувањето на трговијата, што главно е фокусирано на поедноставување на царинските постапки и подобрување на ефикасноста на царинењето на стоките е признаено од владата, компаниите и јавноста.

Царинската управа на Република Македонија почитувањето на законите и олеснувањето на трговијата ги смета како примарни барања за олеснувањето на трговијата. Во таа насока превземавме различни мерки за поголема транспаретност преку јавно објавување и промовирање на царинските прописи и упатства со цел да се зголеми транспаретноста.

Во таа насока ќе се промовира Овластениот економски оператор. Концептот на ОЕО се заснова на партнерството помеѓу Царината и деловната заедница, што е воведен од Светската царинска организација и прифатен во дополнителниот протокол 5 со што се измени ЦЕФТА Договорот. Статусот на ОЕО е меѓународно призната марка за квалитет која укажува на тоа дека економските оператори во Република Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.

Законските измени за воведување на концептот за ОЕО се вградени во најновите измени на Царинскиот закон што неодамна беа усвоени од Собранието на Република Македонија и стапуваат во сила на 11.08.2018 година. Заедно со закондавните измени Царинската управа усвои и донесе Стратегија за Овластен економски оператор (во прилог на оваа порака) каде се предвидени мерки и активности за негова што поголема примена од страна на економските оператори. Од септември 2018 година продолжуваме со низа семинари и обуки

Прочитано 383 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не