gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Примена на Регионална Конвенција за Паневромедитеранските преференцијални правила за потекло во Договорот за слободна трговија помеѓу РМ и Република Турција

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Царинската Управа Ве информира дека во Службен весник на Република Македонија број 84 од 09.05.2018 година е објавен Законот за ратификација на измената на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Турција, изменет со Одлуката број 1/2018 на Мешовитиот комитет, воспоставен со Договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Министерството за надворешни работи во Службен весник на Република Македонија број 129 од 12.07.2018 година објави дека Одлуката број 1/2018 на Мешовитиот комитет воспоставен со Договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Турција, потпишана во Анкара на 30 јануари 2018 година и ратификувана од двете страни, стапува во сила на 1 август 2018 година.

Ова значи дека за извоз во Турција од 1 август 2018 година се применува Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло, објавена во Службен весник на Република Македонија број 66/2012 година.

Република Македонија ја извести Европската комисија за да изврши измена на последната Објава на Комисијата која се однесува на примената на Регионалната конвенција за Паневромедитеранските преференцијални правила за потекло или на протоколите за правила за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација помеѓу договорните страни на Конвенцијата (Службен весник на ЕУ серија Ц 73 од 09.03.2017 година). 

По добивање на известување од Европската комисија за примена на дијагонална кумулација со останати земји, Регионалната конвенција ќе може да се применува и со тие земји со кои тоа ќе биде наведено и тоа известување дополнително ќе биде објавено.

Прочитано 85 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не