gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Креиран прв веб портал за женско претприемништво за олеснување на размена на информации

Сојуз на стопански комори на Македонија Ве информира дека е партнер во Националниот совет за женско претприемништво и во таа насока за креирањето на веб порталот кој ќе работи во склоп на проектот  „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика” WE-Contribute за целите на Националниот совет за женско претприемништво. Веб порталот се наоѓа на следниот линк.

Националниот совет за женско претприемништво (НСЖП) е прв и единствен совет за женско претприемништво кој делува на национално ниво, формиран преку проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ – WE Contribute. Има за цел да обезбеди неопходна основа за влијание врз севкупниот развој на женското претприемништво во земјата, вклучувајќи ги и процесите на интеграција во ЕУ преку воведување на ефективен механизам за консултации, застапување и влијание.

НСЖП е доброволно, неформално обединување на активни актери од граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции кои дејствуваат во областите на женско претприемништво. Советот е задолжен за идентификување и препорачување на решенија за прашања кои се од клучно значење за развојот на женското претприемништво во земјата, за да се создаде синергија на квалитетот и влијанието на силната застапеност на интересите на жените претприемачи пред засегнатите страни на законодавната и извршна власт.

Советот, исто така, има за цел да промовира примери на добри практики, да обезбеди подобра координација на активностите поврзани со прашањата за женското претприемништво, да ги следи документите и законодавството за женското претприемништво, да споделува и развива образовни програми и канали за информирање на важни настани во областа на женското претприемништво и да овозможат мрежно поврзување на жените претприемачи на национално и меѓународно ниво.

 

Прочитано 428 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не