gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Бизнисот во фокус на 7. Самит на шефовите на Влади на 16+1

Бизнис делегација на највисоко ниво предводена од Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) традиционално учествува на 7. Самит и бизнис форум на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), кој официјално ќе се одржи на 7 јули.  Домаќин на 7. средба на шефовите на Влади на Кина и ЦИЕ е Република Бугарија, во организација на Министерството за економија на Бугарија, Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија (БСМЕПА) и Деловниот совет Кина – СЕЕС.

Минатата година во Унгарија остваривме успех со потпишување на 7 договори за трговски партнерства меѓу Република Македонија и НР Кина. Традиционално како резултат на одличната соработка на Сојузот со НР Кина, очекуваме делегатите да отпочнат нови партнерства,  да осознаат за можностите за вклучување во проектите кои годинава ќе бидат во фокусот и се значајни за Иницијативата 16 + 1 и за целиот регион.  Интересот од страна на компаниите од сите сектори за учество на годинешниот самит е голем и веруваме дека ќе ги надминеме успесите од минатата година од самитот во Будимпешта“, изјави Арсовска во пресрет на Самитот и појасни дека Сојузот активно работи на зголемување на бизнис соработката со НР Кина, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат" за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток.

Претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании се отвори пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар. Годинава, давајќи голема важност на процесот на зацврстување на соработката со Кина и СЕЕС согласно Иницијативата 16+1, Министерството за економија на Бугарија и БСМЕПА организираат Деловен форум во рамки на кој ќе биде ставен акцент на следните сектори: Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување,  инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика), земјоделство и туризам.

Бизнис делегација на Сојузот ќе има посебна презентација на проект за Кинеските инвеститори кои планираат влез на европскиот пазар. Соработката на Народна Република Кина со земјите од Источна и Централна Европа започна во Будимпешта, а продолжи на состаноците во Варшава во април 2012 година, Букурешт Романија (2013); Белград, Србија (2014); Суџоу, Кина (2015), Рига, Латвија (2016), Будимпешта, Унгарија (2017).

 Во 2017 и во 2016 година по однос на  вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е 7. трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година според официјалните статистички податоци изнесувала, 506 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 62,2 милиони долари, а увоз од  444,0 милиони американски долари. Во 2016 година,  вкупната трговска размена изнесувала, 469 милиони американски долари, со остварен  извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од  421,2 милиони американски долари.

Прочитано 141 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не