gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Градежниот сектор ја зајакнува соработката со локалната власт

Градежната комора на Македонија започна иницијатива за соработка со општините во централното градско подрачје и остварување на средби со градоначалници и општинска администрација во насока на јакнење на соработката со локалната власт. Денес, Претседателот на Градежната комора на Македонија, г. Ивица Јаќимовски оствари средба со градоначалникот на општина Карпош, г. Стефан Богоев и градоначалникот на општина Аеродром, г. Златко Марин. Целта е претставување на стратешките цели на Градежната комора и дискусија за можностите за соработка во спроведување на деталните урбанистички планови во надлежност на општината кои ќе придонесат кон создавање на услови за квалитетна локална инфраструктура и услуги.

Од страна на членовите на Градежна комора беше истакнато дека остварување на работни средби со локалната власт е од одобено значење за воспоставување квалитетен јавно приватен дијалог чија цел е долгорочни позитивни ефекти преку давање квалитетни општински услуги и создавање инфраструктура за граѓаните, а од друга страна позитивни услови за водење на бизнис на компаниите кои несомнено придонесуваат кон локален развој на опттината. Преку дијалог и учество на градежните компании во постапката за донесување на детални урбанистички планови, заеднички ќе придонесеме кон воспоставување на планска и организирана инфраструктура која ќе значи поттик за остварување на планирани инвестиции не само за градежните компании, туку и за над 26 други стопански гранки директно поврзани со градежништвото. Во оваа насока, воведување на т.н. брз шалтер е од исклучителна важност и истиот несомнено ќе придонесе за ефикасна реализација на инвестиците на градежните компании, а на долг рок економски развој на општините.

Градежната комора активно работи на подобрување на состојбата во секторот градежништво и во таа насока соработката со општините е особено важна бидејќи локалната власт има надлежност за издавање на градежни дозволи, носење на планска документација и создавање на услови за модерна урбанистичка средина.

Локалните инвестиции се значајни за долгорочен раст на една општина. Сметаме дека  со соработка со општинската администрација, потребно е да се унапредат условите за водење на бизнис и се обезбеди правна сигурност, реализацијата на инвестициите ќе обезбеди квалитет и воспостави критериуми за спроведување на организирана и модерна градба во согласност со потребите на граѓаните и условите на самата општина. Потребно е сите страни во овој процес да соработуваат со цел да допринесеме за создавање на тренд за изградба на модерни општини и ефикасна соработка со локалната власт.

Претседателот на Градежната комора на Македонија  напомена дека за градежништвото е од особено значeње постоење на квалитетна и професионална администрација која своето работење го насочува кон обезбедување на локалните услуги за граѓаните, но и бизнис заедницата во општината преку запазување на предвидени законски рокови за изградба како и стратешко и долгорочно планирање на идни градби.

Прочитано 283 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не