gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Еднаков третман за јавното и приватното здравство

Еднаков третман при инвестирање во јавните и приватните здравствени установи (ПЗУ) кои се дел од здравствената мрежа и имаат склучени договори со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).  Можност за вклучување на приватни здравствени установи кои немаат договор со ФЗО во економските програми за финансиска поддршка, како и потреба од понепосредна и подинамична имплементација на проектот „Учиме од бизнис заедницата“, се дел од мерките кои ќе го подобрат работењето на приватните здравствени установи во земјава, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Доктор Борислав Јосифовски, член на Управен одбор и претставник на приватните здравствени установи во Сојузот, посочи дека во консултација со членовите на Групацијата на приватно здравство, поздравувајќи го реформскиот курс на Владата на Република Македонија и иницијативата за еднакви можности ја користиме приликата за ревизија на постоечките решенија и пракси.  Во насока на  зголемување на квалитетот на здравствените услуги  потребно е покрај останатите сектори да се поддржи и развојот на приватното здравство во Република Македонија.

Според постоечката состојба во здраствената мрежа на Република Македонија изготвена од Министерството за здравство во моментов над 70% од вкупниот број на здраствени установи се ПЗУ, кои се разликуваат од јавниот сектор (ЈЗУ) исклучиво по сопственоста  која е приватна за разлика од јавниот сектор каде основач е Владата на Република Македонија,  но во извршување на својата дејност и двата сектори доколку се потписници на договори со ФЗО обавуваат јавни функции за граѓаните. И покрај тоа што ПЗУ и ЈЗУ се еднакви пред законот,  сепак досегашното искуство за кое и јавноста е сведок говори дека инвестициите во здраството во изминатите 25 години , а кои се на терет на буџетот на Република Македонија или ФЗО се исклучиво наменети за јавниот сектор“, изјави Јосифовски.

Дополнително тој додаде дека потребно е сериозно да се разгледа можноста за вклучување на приватни здравствени установи кои немаат договор со ФЗО во економските програми за финансиска поддршка.

Во понудениот план за економски раст не е опфатен здравствениот сектор кој како и останатите стопански гранки генерира средства во буџетот. Треба да бидат препознаени и вклучени во мерките  на Планот за економски раст и здраствените установи во кои доминантно се даваат услуги на странски државјани, што би  значело поттик во имплементацијата на нови медицински доктрини и технологии како и во подигањето на нивото на здраствени услуги и на домашен план“, изјави Јосифовски.          

За подобрување на комуникацијата и реализација на одредени проблематики, Јосифовски ја истакна важноста од понепосредна и  подинамична соработка на ПЗУ со ресорните владини институии кое веќе постои во рамките на проектот „Учиме од бизнис заедницата.

Целта е  да се утврди веродостојноста на понудените Закони и подзаконски акти со можност да се валоризираат  веќе постоечките понудени рершенија  и да со измени и доплнувања успешно се отстранат одредени недоречености кои во секојдневната пракса прават недоразбирања помеѓу чинителите: јавните службеници
(преставници на министерства и инспектори), давателите на услуги и корисници на услугите
“, рече Јосифовски.

Прочитано 438 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не