gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Оглас за национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2018 година.

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерство за економија, Ве информира дека денес е објавен конкурсот за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2018 година, реализирани во периодот од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018 година. Рокот за аплицирање за наградата е до 3-ти септември 2018 година.

Во оваа насока Ве информираме дека рокот за аплицирање за Наградата е до 3-ти септември 2018 година
 
Дополнително би сакале да Ве информираме дека и годинава ќе биде доделено Признание за најинвентивен проект или практика, со цел да ве поттикне да изнајдете нови, различни и креативни начини за реализирање на вашите општествено одговорни практики.
Информативно-едукативната средба за заинтересираните компании ќе се одржи на 31 мај 2018 година, во ЕУ Инфо центарот, со почеток во 15:00 часот.
 
Наградата ќе се доделува за најдобри општествено одговорни практики во следните категории (посебно за големи и мали/средни претпријатија):

  • Oднос кон вработените
  • Eтичко управување
  • Односи на пазарот кон снабдувачите, потрошувачите или купувачите
  • Однос кон животната средина
  • Вложување во заедницата

Ве информираме дека во конкуренција на сите апликации од петте категории, ќе се додели и Признание за најинвентивен проект или практика.
 
Информации за критериумите за аплицирање:

  • Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија;
  • Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории;
  • Големината на инвестицијата во одредена практика, не е одлучувачки фактор, туку идејата, квалитетот на проектот, како и постигнатите резултати;
  • Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии;
  • Сите апликации и материјали ќе бидат третирани како доверливи.

Апликациите за пријавување, со насоки и критериуми за селекција се достапни на www.economy.gov.mk и www.cbcsr.mk
 
Вашите пријави е потребно да ги доставите по пошта (во затворен плик), на адреса: Министерство за економија на Република Македонија-Сектор за поттикнување на општествена одговорност, ул. „Јуриј Гагарин“ 15, 1000 Скопје.
 
Краен рок за поднесување на пријавите e 3- ти септември 2018 година
 
Пријавите треба да се испратат со назнака или наслов на пораката „Пријава за Национална награда во 2018 за општествено одговорни практики“. Воедно потребно е покрај печатена верзија, да има иелектронска верзија на апликацијата (ЦД или УСБ)
 
На следните линкови Ви ги доставуваме:

Истите се објавени и на Веб страницата на Министерството за економија  http://www.economy.gov.mk/doc/2415
 
За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на: 02/30 91 440 или по електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 423 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не