gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска: Стопанството е во стагнација потребни се активни мерки за раст

На денешниот Форум 2018 - Потенцијал на регулатива за ангел инвеститори во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) под покровителство на Кабинетот на Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима, Влада на Република Македонија, на кој присуствуваше гувернерот на Народна Банка на Република Македонија, Анита Ангеловска Бежовска, советници на Владата, претставници на министерства, институции, стопанственици беше истакнато дека приватниот сектор период наназад се соочува со  предизвици и стагнација на инвестиции.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, истакна дека летаргијата кај стопанствениците е резултат на континуираната криза и воздружвање од инвестиции.

Стопанството е во стагнација и потребни се активни мерки за поттикнување на нови инвестиции и раст. Она што ние во стопанството го чувствуваме е една летаргична состојба по основ на инвестициите. Не се работи само за тоа дека компаниите не инвестираат, туку дека и оние малку средства што ги имаат не се подготвени да ги вложат во состојба на ризик, особено кога се работи за добра идеја која бара повеќе средства. И комерцијалните банки во Македонија не нудат финансиски средства за проекти без целосно покритие. Затоа сметаме дека алтернативните начини на финансирање се влез на големи средства по основ на капитал во нашиите национални компании со цел нивно брзо растење и овозможување да го реализираат она што не се во можност да го спроведат со сопствените средства“, истакна Арсовска на денешниот форум „Потенцијал на регулатива за ангел инвеститори“.

На Форумот беше потенцирана потребата од Законско регулирање на ангел инвестирите, создавање поволен амбиент за нивен влез, а законската регулатива во најголем дел да биде во функција на проверка на капиталот на ангел инвеститорите.

Еден од Заклучоците на Форумот беше и тоа дека постојат потенцијални пречки од Законот за трговски друштва за идните инвестиции. Овој Форум е прв во низата кои следуваат со цел дефинирање на предлог регулатива која повеќе ќе биде стимулирачка ,а не репресивна како би привлекле сигурен капитал на ангел инвеститорите.

Во Република Македонија има недостиг од комерцијални форми за поддршка на компаниите особено малите и средни претпријатија, како и стартап бизнисите, токму затоа по примерот на земјите со конкурентни економии потребен е влез на ангел инвеститори кои финансиски  ќе ги поддржат македонските компании, ќе ги зајакнат, а со тоа и домашното стопанство.

Прочитано 82 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не