gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Регионална заедничка понуда ќе биде конкурентна на големите пазари

Зголемување на трговската размена меѓу Франција и земјите од регионот, искористување на потенцијалите за заедничка соработка,  промоција на трговијата, со посебен акцент на воспоставување на конкретни соработки во областа на земјоделството, ИКТ, инфраструктура и енергетскиот сектор како и обновливи извори на енергија е главниот фокус на Бизнис форумот: Франција – Балкан 2018“ во организација на  „Бизнис Франција“, агенција на Владата на Франција.

Настапувајќи како регион го зголемуваме интересот на Француските компаниии за пристап до пазар од над 20 милиони жители. Ова е прв чекор, кој има за цел да ја зголеми трговската размена меѓу Франција и земјите од регионот. Делегатите на Сојузот имаа можност да се запознаат со идните деловни партнери кои би сакале да купат производи, да добијат знаење, да најдат индустриски партнер за коинвестирање, да воспостават соработка со локалните компании за аутсорсинг или за заеднички влез на трет пазар, изјави Александар Милошевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и додаде дека  Сојузот, како претставник на бизнис заедницата во Македонија, заедно со останатите комори од регионот заеднички ќе делуваат за поддршка на зголемувањето на соработката со француските компании, преку единствена регионална мрежа – Тим Франција – Балкан.

Во таа насока, неодамна претседателот на ССК,  Данела Арсовска и претседателот на претставништвото на Француската стопанска комора во Србија (CCI France Serbiе), Драгољуб Дамјановиќ потпишаа договор за воспоставување стратешко партнерство со цел на француските компании заинтересирани за инвестирање на Балканот да им се отвори поголем пазар, понуда на услуги и да се воспостави една единствена регионална мрежа – Тим Франција - Балкан.

Претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски, ја истакна важноста од регионалните градежни проекти во функција на развој на градежниот сектор, а со тоа и зголемување на конкурентноста и раст на севкупната економија на ниво на целиот регион.

Градежните компании од регионот здружени во конзорциуми и кластери можат да ја унапредат продуктивноста и да бидат конкурентни да реализираат големи инфраструктурни проекти како во регионот, така и на трети пазари. Обединувањето на капацитетите во секторот градежништво, дополнително и во соработка со француските компании,  значи унапредување на регионална економска соработка во областа на градежништвото“, изјави Јаќимовски.

Целта на бизнис форумот на кој учествуваат над 400 компании од 12 земји е да се унапредат трговските односи со Република Франција, да се поттикнат инвестициите и заедничката соработка.

Во 2017 година Франција е 23.трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија.

Прочитано 482 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не