gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Делегација на ССК на големиот Економски форум Франција- Балкан 2018

29 мај 2018, Белград, Србија –  Бизнис делегација на компании на високо ниво на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССK) од 30 мај до 1 јуни учествува на „Бизнис форум: Франција – Балкан 2018“.

Целта на бизнис форумот на кој учествуваат над 400 компании од 12 земји е да се унапредат трговските односи со Република Франција, да се поттикнат инвестициите и заедничката соработка. На Бизнис форумот покрај експерти, менаџери на големи светски  корпорации, претставници од владиниот сектор и јавни институции, учествуваат сопственици на големи производствени компании од Франција, кои се присутни на Балканот, како и стопанственици од 12-те земји - партнери на овогодинешниот Бизнис форум: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Хрватска, Македонија, Грција, Косово, Молдавија, Црна Гора, Романија и Србија.

Фокусот на овогодинешниот Бизнис форум е ставен на земјоделско-прехранбената индустрија, информатичката технологија, туризмот, инфраструктурата и енергетскиот сектор, а особено на обновливите извори на енергија. 

Економскиот форум претставува одлична можност за македонските компании да остварат билатерални средби со потенцијални бизнис партнери од Франција во делот на  дистрибуција на француски технологии, продукти, услуги на домашните пазари, набавка на нова опрема и технологии од Франција за подобрување на капацитетите, потоа наоѓање француски партнери за заедничко аплицирање на тендери, како и  за инвестирање во зголемување и проширување на производствените капацитети на Балканот. Исто така, компаниите ќе имаат можност за потенцијално партнерство за заеднички настап на трети пазари.

Прочитано 320 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не