gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Проект на УСАИД: Официјализирана соработката меѓу четирите комори и Владата на РМ

Мај 9, 2018, на највисоко ниво за прв пат бизнис заедницата потпиша  Меморандум за формално воспоставување на јавно приватен дијалог со Владата на Република Македонија.

Меморандумот за соработка значи голем чекор во процесот на градење стабилна и плодна соработка помеѓу бизнис заедницата и Владата на Република Македонија, како и зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, особено во делот на легислативата.

Bоведни обраќања имаа Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска и директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива Љубомир Димовски.

Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес во Македонија во своето воведно обраќање истакна дека е зголемен дијалогот меѓу Владата на Република Македонија и приватниот сектор во последните месеци.

„Денешниот Меморандум е пример за зголемување на дијалогот, станува збор за договор помеѓу Владата на Република Македонија и четирите стопански комори кои ја претставуваат бизнис заедницата. Коморите поаѓајќи од заедничките интереси во застапување на компаниите заедно со Владата на Република Македонија ќе ги градат политиките кои ги засега секој сектор во стопанството, особено микро, малите и средните претпријатија, изјави Гонзалес и додаде дека заедничкиот дијалог и градење на консензус е вистинскиот прв чекор кој се очекува да даде позитивни резултати кои ќе ги олеснат регулаторните оптоварувања со кои се соочуваат компаниите и ќе го поттикне растот на приватниот сектор во Република Македонија.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев истакна дека јавно приватниот дијалог овозможува структуриран пристап, со учество и инклузивност на главните засегнати страни во креирање на политиките во насока на реформи на владеењето и за реформи на амбиентот за создавање стимулативно деловно опкружување.

„Како Влада која промовира демократско и отворено владеење, сметаме дека само енергичен придонес на приватниот сектор во меѓусебниот дијалог, вашето учество во креирање политики, заложбата кон подобрување на квалитетот на претставувањето на бизнисот и усогласеност со демократските институции, можат да бидат предуслов за добро владеење и оддржливи реформски измени“, изјави Заев.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, истакна дека јавно приватниот дијалог е основа за економски напредок.

„За прв пат денес почнуваме нова страница за деловната заедница со потпишување на овој договор, со воспоставување формален механизам за рамноправно учество на Владата и приватниот сектор во јавно приватно партнерство и дијалог. Поставивме критериум за генерациите кои доаѓаат, а овој договор претставува форма преку која трајно ќе се унапреди институционалната соработка со цел развој на националната економија. За приватниот сектор овој успех е само почеток на напорната работа која предстои“, изјави Арсовска.

Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е спроведуван од Епи Центар Интернационал во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанска комoра на северозападна Македонија и МАСИТ.

Прочитано 458 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не