gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Блокирањето на инвестициските процеси – огромни штети за градежништвото

23 мај 2018, Скопје -  Почитување на законската регулатива во целост за издавање на одобренија за градење, продожување на рокот за повластената  стапка од пет отсто за ДДВ при прва продажба на станови до 2023 година и измени на клучните закони со кои ќе се помогне и забрза градежната активност, се главните фактори кои ќе ја стимулираат работата на градежниот сектор, во спротивно сите инволвирани во процесот на градење ќе трпат големи загубите, беше истакнато на денешната прес конференција на Градежната комора на Македонија.

Претседателот Ивица Јаќимовски, истакна дека компаниите се среќаваат со сериозни административни проблеми на општинско ниво при издавање одбренија за градба. Статистиката покажува дека во март 2018 се издадени 211 одобренија за градење од кои 119 за објекти за високо градба, 35 за објекти од ниско градба и 57 за објекти за реконструкција, што е за 45.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Не почитување на законските рокови од 20 денови, значи пролонгирање на процесот на градба што пак, значи дополнителен трошок и за компанијата и за граѓаните и сите инволвирани во процесот. Потребно е да се постави  динамика во која точно ќе се знае обезбедената инвестиција, динамичката реализација, начинот на плаќање, редовно сервисирање во делот на плаќање, редовно извршување на обврските кои се предвидени каде влегуваат и временските услови, изјави Јаќимовски и додаде дека доколку продолжи овој тренд инвестициите ќе стагнираат и компаниите нема да можат да го издржат финансискиот товар.

Потпретседателот на Градежната комора на Македонија, Зоран Азманов, истакна дека продолжување на повластената даночна стапка од пет отсто за данокот на додадена вредност (ДДВ) за продажба на станбен простор е друг сериозен фактор кој треба официјално да стапи на сила со цел компаниите да започнат со реализација на проектите.

Доколку што поскоро официјално не се продолжи временскиот рок на оваа мерка, ќе следи  намалување на приходот во буџетот по основ на придонеси и персонален данок, како резултат на намалената вработеност во секторот, потоа намалување на приходот во буџетот по основ на данок на додадена вредност што се остварува од производство и промет на градежни репроматеријали, суровини и опрема што се вградува во новите станови, како и по основ на данок на добивка поради стагнација на пазарот на недвижности, односно станови и намалување на прометот. Дополнително, станбеното прашање на младите потешко ќе се решава и тие ќе заминуваат од државата, а ќе следи и одлевање на дел од парите надвор од платениот промет“, изјави Азманов.

Поволен бизнис-амбиент за развој на компаниите, во функција на зголемување на конкурентноста, инвестициите, извозот и иновациите,  е услов за долгорочен економски раст и стабилност на градежниот сектор, преку стратешкото планирање, со долгорочни зацртани проектни активности и цели. Стабилност на градежниот сектор значи стабилност и за 26 други стопански гранки директно поврзани со градежништвото.

Прочитано 373 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не