gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одржана презентација за можностите за финансирање од фондот Сеаф Македонија

Денес во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија беше одржана презентација за компаниите членови на тема „Можности за финансирање на инвестиции од фондот СЕАФ”.

Присутните компании имаа можност да се запознаат со активностите на СЕАФ во Македонија, како и да се информираат за можностите за финансирање на инвестициони проекти.

Инвестиционите советници од фондот дадоа осврт на предности на финансирање на развој на мали и средни компании преку сопственичко вложување и споредба со други традиционални форми на финансирање и во вториот дел говореа за можности, начини и услови на финансирање на инвестиции на македонските компании преку расположливите фондови на СЕАФ во Македонија.

Прочитано 553 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не