gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК дел од Националниот совет за женско претприемништво

Во рамки на проектот “Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика - WE-Contribute” денес во просториите на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување се одржа првиот состанок на Националниот совет за женско претприемништво.

Станува збор за прв и единствен национален совет за женско претприемништво кој делува на национално ниво и ги обединува активните актери на граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции и организации кои дејствуваат за унапредување на женското претприемништво.

Сојузот на стопански комори на Македонија ја поддржува оваа иницијатива и како член заедно со останатите претставници на организации и институции ќе придонесе кон зајакнување на соработката, размената на информации и создавање на можности за понатамошен развој на женското претприемништво во корелација со националната Стратегија за женско претприемништво

Прочитано 279 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не