Во насока на Ваша информираност и пристап до финансии за реализација на инвестициони проекти, Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој организираше Инфо сесија за отворениот јавен повик за поднесување на предлог проекти во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.
Инфо сесијата се одржи на 10.05.2018 година (четврток), во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија, со почеток во 11:00 часот и на истата беше презентиран отворениот повик и критериумите за аплицирање и присутните имаа можност во отворена дискусија да поставуваат прашања до претставниците на Фондот.
Јавниот повик може да го погледнете на следниот ЛИНК.
За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..