gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Инфо сесија за развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

Денес, 3 мај 2018, во Неготино, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија на тема „Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделството за подобрување на локалната економија“. Настанот беше наменет за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во имплементирање на законoт, како и информирање на претпријатијата за полесно спроведување на овие регулативи преку јакнење на јавно - приватниот дијалог.

Преку различни излагања, учесниците на информативната сесија беа во можност да дискутираат на теми поврзани со: потребата од поголеми инвестициите за подигање на нивото на знаења и вештини на лицата инволвирани во земјоделското производство преку трансфер на знаења во рамките на интегрален систем на знаење и информации во земјоделско–прехранбениот сектор, потребата од брз и ефикасен трансфер на знаења и информации во рамките на современиот начин на работа во овој сектор, со цел зголемување и поддршка на инвестициите. Крајниот резултат е зголемување на ефикасноста и конкурентноста на производите од секторот, искористување на можностите од ИТ секторот, потребата од уредување на областа на советодавните услуги во земјоделско-прехранбениот сектор, делувањето на јавните и приватните советодавци согласно законската регулатива, нејзиното спроведување во пракса итн.

Беа отворени и нови теми и прашања, кои ќе бидат дополнително разработени од тимот на Проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис регулатива, со цел да се олесни работењето на фирмите и истовремено да се допринесе кон подобрување на предложената законска регулатива.

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите главни чинители. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

Прочитано 260 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не