gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Преку ССК и ИМЕ полесно до информации за пристапот до финансии

Каталогот на бизнис поддршка и услуги во Република Македонија, развиен од страна на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка,  имплементиран од Свисконтакт, кој на едно место содржи корисни информации за достапните услуги за финансиска поддршка и за поддршка на развој на бизнисите од годинава ќе го изготвува Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) за потребите на компаниите членови.

23 мерки за поддршка од владини институции, комерцијални финансиски инструменти од 17 финансиски институции и мерки за поддршка кои се нудат од 14 граѓански и организации од приватниот сектор се претставени во второто издание достапно за сите заинтересирани бизниси.  

Сојузот континуирано обезбедува поддршка за пристап до финансии и други механизми во функција на раст и развој на компаниите членови со цел зголемување на нивната конкурентност и реализација на инвестициските проекти. Конкретно, преку Каталогот на бизнис поддршка и услуги во Република Македонија до компаниите доставуваме сублимирани и обработени податоци за сите достапни програми за бизнис поддршка и финансирање во РМ. Дополнително во изминатиот период од страна на ССК беа објавени два повици каде аплицираа повеќе компании заинтересирани за користење на програмите од првата верзија на каталогот, каде што беше обезбедена експертска помош во соработка со ИМЕ програмата во процесот на аплицирање за одредена програма при што имаме повеќе успешни приказни позади нас. ССК продолжува самостојно во иднина да врши ажурирање на информациите во каталогот и навремено да ги информира компаниите“, вели Александар Зарков, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост го изготви првото издание на Каталогот во јуни 2016, како и втората ажурирана верзија во март 2018.

Пристапот до информации за достапната поддршка е клучен за отпочнување на бизнис, како и за поддршка на постојните компании. Преку изготвување на овој каталог, сите заинтересирани имаат можност за лесен пристап до информации за развој на бизнисите, преку алатка која содржи детали за видот на достапните мерки и финансиски услуги, за кого се наменети, начинот на нивна апликација, потребните документи и контакт информации“, изјави Стефан Томажан, заменик шеф на Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

Жаклина Гештаковска Алексовска, експерт за родови прашања во ИМЕ програмата смета дека е од огромно значење идното ажурирање на каталогот од Сојузот на стопански комори.

На пазарот постојано се воведуваат нови финансиски инструменти и услуги за развој на бизнисите. Од огромно значење за секој бизнис е да има можност да добие навремени и релевантни информации, а преземањето на  обврската за годишно ажурирање на каталогот преку Сојузот на стопански комори ќе обезбеди компаниите да ги имаат на увид сите мерки за поддршка, и да можат да направат информирана одлука која мерка е најсоодветна за нивната компанија“, кажа Гештаковска-Алексовска.

Прочитано 546 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не