gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одржана Инфо Сесија - ,,Реформи Во Јавните Набавки Со Посебен Осврт На Нацрт Текстот На Законот За Јавни Набавки“

На 02ти март, 2018 година, со почеток во 10:00 часот, се одржа информативна сесија на тема: „ Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на законот за јавни набавки.  Целта на настанот беше информирање на компаниите и институциите за нацрт текстот на Законот за јавни набавки како и детектирање на проблеми со кои се соочуваат компаниите и институциите кога станува збор за јавните набавки.

На инфо сесијата во Штип свое обраќање имаше министерот за финансии на Р. Македонија д-р. Драган Тевдовски и г-ѓа Рита Глигоријевска претставник од Бирото за јавни набавки. Предавач на информативната сесија беше г-ѓа Анета Данева Мострова. На инфо сесијата присуствуваа 43 учесници, претставници на компании од повеќе сектори како градежништво, консалтинг услуги,  металопреработувачка индустрија, банкарство итн како и државни институции.

Настанот е организиран од Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Прочитано 67 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не