Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) компании членови од секторот туризам и угостителство остварија работна средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), г. Љупчо Јаневски.
На средбата на која присуствуваше извршниот директор на Сојузот, Александар Зарков, се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат компаниите пред се нелојалната конкуренција присутна во секторот и како да се најде модел за подобрување на амбиенот на компаниите, поголема соработка со општините во насока на раст и развој на туризмот.
Директорот информираше за активносите на АППТ во насока на зајакнување на промоцијата на туристичкиот сектор на странските пазари, остварување на нови контакти, вмрежување и соработка, како и за плановите и активностите за тековната 2018 година. Исто така, беа презентирани движењата и развојот на туристичката индустрија и кокретни промотивни алатки за неопходни за развој на туризмот во Република Македонија.