gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Малите и средни претпријатија имаат потреба од финансиска поддршка

Како до квалитетни апликации за поголема искористеност на средствата од Фондот за иновации и технолошки развој беше темата на настанот кој Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го организира за компаниите членови во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).  

Пред присутните компании, директорот на Фондот г. Јован Деспотовски детално ќе ги претстави мерките од Планот за економски раст, поточно столб 3: финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој, преточени во Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој.

Александар Зарков, извршен директор на Сојузот, истакна дека целта е преку интерактивна дискусија компаниите да добијат информации од прва рака за сите фази во процесот на апликација, критериумите, каде да се фокусираат во изготвување на проектот, поднесување и добивање на предвидените средства за негова реализација.

На средбата присутни се компании од повќе сектори, услужни дејности, адвокатски друштва, консултантски компании,  индустрија, ИКТ и секој во својот домен е заинтересиран за искористување на мерките преку апликација со иновативен проект кој треба да го подобри нивното функционирање со крајна цел раст и развој на компанијата. Опфатени се  областите кои беа детектирани од страна на Сојузот како стратешки за обезбедување поддршка за зголемување на квалитетот на производите, стекнување на сертификати за квалитет, енергетска ефикасност, истражување и развој, маркетинг и нова амбалажа, воведување на нови производи или услуги, зголемување на капацитетот на вработените и сл. Она што е детектирано како предизвик за компаниите е можен недостиг на капацитет за изготвување на квалитетна апликација“ истакна Зарков и додаде дека токму затоа Сојузот во соработка со Фондот ќе ги лоцира дилемите кои ги имаат компаниите во процесот на апликација за изработка на квалитетен план.

На настанот беше истакнато дека финансиската поддршка на МСП е можност за стабилизирање на економската состојба на компаниите, поддршка која секогаш е потребна особено за микро малите и средните претпријатија кои се значајни за развој на националната економии бидејќи придонесуваат да се намали невработеноста, а преку развојот на новите технологии тие можат да бидат фактор и двигател на  економски раст. Имајки го сето ова предвид од големо значење е максимално искористување на средствата од Фондот за инвации кои треба да ја раздвижат економијата и да влијаат на зголемување на вработенота

Прочитано 382 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не