gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Предизвици во економијата за МСП

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, претседатели на секторски комори и заменици на настанот на тема: „Предизвици во економијата за МСП“ со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Депостовски дискутираа за можностите за стимулирање и развој на компаниите предвидени во Планот за економски раст и дадоа свои сугестии за унапредување на економските политики.

Поволен бизнис амбиент за развој на компаниите, во функција на зголемување на конкурентноста, инвестициите, извозот и иновациите  се услов за долгорочен економски раст, а со тоа и општествен напредок. За стопанството свеж капитал секогаш е потребен, особено за малите и средни претпријатија и секое намалување на трошоците за компаниите во Република Македонија е поттик за развој, поддршка која е во моментов неопходна особено кога ќе се земе предвид долгиот период на политички превирања и нестабилност во земјата.

Компаниите членови на Сојузот, посочија на потребата од инфраструктурно инвестирање, развој на индустријата, поголеми можности и извори за финансирање на компаниите, за зголемување на нивниот извоз и конкурентноста, како и на поддршка на малите и средни компании, двигатели на економскиот развој.  

Бизнис заедницата во Сојузот, зголемувањето на квалитетот на економскиот и социјален развој во Република Македонија го темели на активна соработка со сите чинители во општеството, владини институции, невладин сектор, образование, академија, стопанство за креирање долгорочни стабилни стратегии за развој.

Прочитано 369 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не