gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Свечена академија - Нобеловката Бушамауи почесен доктор на науки на ФОН

Добитничката на Нобеловата награда за мир - Уидед Бушамауи, беше промовирана во почесен доктор на науки на Универзитетот ФОН на свечена академија во присуство на бројни гости, професори, амбасадори, стопанственици,  студенти. На свечената академија присуствуваше  претседатeлот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

Со едногласна одлука на Сенатот на Универзитетот, г-ѓа Бушамауи ја доби почесната академска титула Honoris Causa Beneficiorum Publicorum која се доделува на исклучителни личности, чии активности придонесуваат кон градење на подобро општество.

На денешната церемонија во присуство на бројни гости и членови на дипломатскиот кор на Република Македонија г-ѓа Бушамауи, одржа и приемен говор во кој ги елаборираше своите активности кои придонесоа кон добивањето на Нобеловата награда за мир, како и улогата на жените во градењето на современата економија.

Бушамауи, како претседател на УТИКА, една од четирите организации кои го сочинуваат „Тунискиот квартет“ во 2015 година ја добиваат Нобеловата награда за мир за придонес за градење плурално општество во Тунис по „Јасминовата револуција“ во 2011.

Бушамауи по револуцијата стана првата жена претседател на Стопанската комора на Тунис. Заедно со останатите постари активисти на невладиниот сектор, успеала да ја спаси државата од економски и политички колапс и да ги организира првите слободни парламентарни и претседателски избори.

 

Прочитано 788 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не