gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Македонија-Турција голем потенцијал за туристичка соработка во двете насоки

Проширување на туристичкиот пазар, зголемување на соработката меѓу Турција и Македонија, зацврстување на веќе постоечките и создавање нови партнерства е целта на промотивниот настан во организација на најголемата Асоцијацијата на туристички агенции и туроператори (ТУРСАБ) од Истанбул, „Туркиш Ерлајнс“ и Туристичко – угостителската комора (ТУК) при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Делегацијата на реномирани инкаминг агенции од  Турција и компании членови на ТУК, имаа можност за вмрежување, остварување Б2Б средби и учество во работилница за зголемување на  соработка во секторот туризам. Во пресрет на претстојната сезона 2018/19, ТУРСАБ во соработка со „Туркиш Ерлајнс“ и компаниите членови на ТУК ќе овозможат специјални пакети со досега најповолни услови за македонските туристи во насока на зголемување на туристичката понуда и атрактивност.

„Продолжување и зголемување на успешната туристичка размена меѓу Репубика Македонија и Република Турција како и подигнување на повисоко ниво од сегашното е наша заедничка цел. Традиционалното македонско–турското пријателство, заедничките вредности и интереси како и близината се одлична можност за зацврстување на воспоставените релации.  Македонците во Турција најчесто ги посетуваат приморски дестинации особено Анталија, Кемер, Белег, Сиде, Аланија потоа Мармарис, Бодрум, Фетије, Кушадаси, Чешме кои нудат одличен одмор и забава, Кападокија и други егзотични археолошки локалитети и секако Истанбул мостот меѓу Европа и Азија. Потенцијал за зголемување на соработката лоциравме и во  некомерцијалните и неистражени уникатни предели во Турција за нашите туристи како и за туристите од регионот„ изјави Аркан Керим, претседател на Туристичко угостителската комора во ССК и додаде дека Турција е позната по високиот степен на задоволство на гости кои престојуваат во оваа земја како резултат на нивото на услуга, стандарди и квалитет.

Ела Атакан, директор за корпоративни врски ТУРСАБ, Истанбул, ја нагласи одличната соработка и иницијативите за зголемување на истата со посебен акцент на збогатување на поудите за туристите од нашата земја. Пинар Ајваз Арикан, генерален директор на националниот авиопревозник за Турција,  Туркиш Ерлајнс во Скопје,  кој има претставништво во нашата земја од 1998 година ја искажа отвореноста за соработка,  интензивниот раст на бројот на патници, реализација на поставените цели на авиокомпанијата.

Според официјалните статистички податоци, граѓаните од Република Турција се број еден туристи во Република Македонија. Во 2016 година престојувале 146 илјади туристи македонски државјани во Турција, а од Турција во Македонија 106 илјади туристи. Во првите девет месеци од годинава, од Македонија во Турција престојувале 132 илјади туристи, а од Турција во Македонија 112 илјади туристи.

Турција е осми трговски партнер на Македонија според обемот на надворешно-трговската размена. Во периодот јануари-ноември минатата година, вкупната трговска размена бележи зголемување од 0,8 проценти (410.018 милиони долари) во однос на истиот период од 2016 година (380.222 милиони долари). Притоа кај извозот е остварен раст од 21,7 проценти (77.989 милиони долари), додека увозот е зголемен за пет проценти (332.029) милиони долари.

ТУК има потпишано Меморандум за соработка со ТУРСАБ  за зајакнување на соработката во секторот туризам, зголемување на  соработката меѓу реномирани туристички агенции, хотели, ресторани од двете земји, преку подигнување на квалитет на услуги кои се нудат. . Во 2016 година ССК потпиша Меморандум со Туркиш Ерлајнс во насока на промоција и развој на економската соработка.

Прочитано 762 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не