gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Награда за Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели

20 февруари 2018, Истанбул, Турција 

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели во Истанбул, Турција е добитник на наградата – „Најдобар пример за бизнис жена во Југоисточна Европа

 

На светскиот форум има вкупно шест добитници од целиот свет, а покрај Арсовска награда добија и Баласз Ракози државен секретар на Министерство за национална економија на Унгарија и лидер на делегација на Вишеградската четворка, Даун Хетзел од САД, претседател на ЈСК, Филипе Араујо, вице градоначалник на Порто, Потугалија  и Претседателот на Република Македонија, Н.Е. Ѓорѓе Иванов.

Претседателот на глобалната организација „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели – Турција“, Бајбарс Алтунташ на доделувањето на наградата истакна дека да се биде препознатлив во бизнис светот не е воопшто лесно, за жените пак е уште поголем предизвик.

Жените сочинуваат 50.8% од популација, 60% од нив завршуваат додипломски студии, а 44% се магистри по бизнис и менаџмент, сепак овие бројки не се рефлектираат на силни позиции во менаџментот. Но постојат личности кои ја менуваат оваа пракса, една од нив е Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, совршен пример за жена во бизнис светот“, изјави Алтунташ.

За време на тридневниот форум, Претседателот на ССК ќе биде и специјален говорник на „Самитот за влијанието на инвестициите“ со фокус на „Влијанието на жените лидери во процесот на инвестирање со добивка“.

Светскиот конгрес на бизнис ангели 2018  е  домаќин на повеќе од 1.200 делегати од над 70 земји од целиот свет,   организирани се 5 различни самити на значајни економски теми на кој дискутираат еминентни личности од политиката, бизнисот, науката, коорпоративната елита.

Целта на Светскиот форум на бизнис ангели е поврзување на бизнис ангелите, менаџерите на фондови, на берзи, извршни директори на коорпорации во насока на размена на најновите информации за движењето на капиталот и паметно инвестирање.

 

Прочитано 723 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не