gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Средба меѓу претседателите на Република Македонија и Република Бугарија со претседателите на коморите

По повод посетата на претседателот на Република Бугарија, д-р Румен Радев, се одржа работен состанок на којшто, покрај претседателите на Република Бугарија и Република Македонија, присуствуваше и бинзис заедницата, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-ѓа Данела Арсовска, како и претседателите на стопанските комори од Македонија.

Вкупната трговска размена меѓу Република Бугарија и Република Македонија во 2017 година изнесува 665 милиони САД $, што претставува раст од 19,13% споредено со 2016 година. Извозот од 333 милиони САД $ има раст од 35,1%, додека увозот од 332,1 милиони САД $, бележи зголемување од 6,54% во споредба со 2016 година, при што за прв пат во последните 7 години, забележан е суфицит на македонска страна во висина од 0,83 милиони САД долари. Во 2017 година Република Бугарија е шести надворешно-трговски партнер на Република Македонија.

Во наредниот период потребно е владите на двете земји своите активисти да ги насочат кон реализирање на веќе отпочинатите проекти за инфраструктурно и енергетско поврзување, според поставените рокови и обезбедените средства што, од друга страна, би придонеле во иднина трговската размена меѓу Р. Бугарија и Р. Македонија  да се зголеми двојно.

Претседателот на Република Македонија, д-р Иванов, посочи дека потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија со кој двете договорни страни се согласија за создавање неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување на најшироко можно движење на стоки, услуги и капитал и за поттикнување на заеднички инвестиции, придонесе за значаен раст на трговската размена меѓу двете земји во последните месеци од 2017 година. Со цел реализација на сите отпочинати и идни проекти со Р. Бугарија, претседателот Иванов посочи дека е поднесена иницијатива за потпишување договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Претседателот на Република Бугарија, д-р Радев, му се заблагодари на претседателот Иванов за поканата за посета на Република Македонија и можноста за средба со бизнис секторот од Р. Македонија во Стопанската комора на Македонија. Тој посочи дека особено охрабрувачки е фактот што во време на недоверба, лоша инфраструктурна поврзаност и многу пропуштени можности, бизнис секторот продолжи успешно да соработува, што на владите на двете земји им дава нови насоки со јасно дефинирани цели и рокови за унапредување на соработката.

Поддршката на Р. Македонија што побрзо да стане членка на НАТО и да ги отпочне преговорите за влез во Европската унија ќе бидат дел од клучните активности за време на бугарското претседателство со ЕУ.

Д-р Румен Радев посочи дека Р. Бугарија има големо искуство во користењето на европските фондови и дека е подготвена да даде целосна поддршка и да ги сподели добрите искуства со Р. Македонија на ова поле. Дополнително, двете земји треба да работат и на билатерални проекти за подобрување на работата и спроведувањето на формалностите на граничните премини. Решавањето на овие клучни прашања ќе придонесе за забрзување на вкупните транспортни операции меѓу двете земји, а со тоа и експанзија на обемот на билатералната стоковна размена.

Прочитано 347 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не