gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска – Тимоние: Зголемување на потенцијалите за бизнис соработка

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-ѓа Данела Арсовска оствари средба со  Амбасадорот на Франција Н.Е. Кристиан Тимоние и со г. Пиер Лињо, Директор на Канцеларијата BUSINESS FRANCE Грција.

На состанокот се разговараше за можностите за зголемување на трговската размена помеѓу двете земји, дополнително со планираниот бизнис форум Франција – Балкан 2018, кој ќе се одржи во Белград, од 30 мај до 1 јуни 2018 година.

На состанокот беше истакнато дека овој форум е одлична можност за поврзување со деловни партнери од 12 земји, меѓу кои, покрај Франција и земјите од Западен Балкан, ќе бидат и Хрватска, Кипар, Грција, Молдавија и Романија, со што се очекува развој на деловна платформа со повеќе од 250 учесници.

Компаниите учесници на форумот ќе бидат претежно од  5 сектори земјоделско-прехранбен сектор, инфраструктура, енергетика, информатичка технологија и туризам.  Покрај организираните деловни средби, учесниците ќе имаат можност да ги проследат панелите за инвестиции на Балканот, финансирање и развој на бизнисите во регионот.

Во 2017 година Франција е 23.трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република  Франција за периодот јануари - ноември 2017 година достигна вредност од 157,3 милиони американски долари, што претставува раст од скоро 44% во однос на истиот период во  2016 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 51,3 милиони американски долари со раст од 126%, додека увозното салдо од 106 милиони американски долари има раст од 22,7%. 

 

Прочитано 320 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не