gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Чиста 10-ка бизнис идеја за награда од 10.000 евра од Охридска Банка

Охридска банка Сосиете Женерал, водејќи се од принципите на тимски дух, иновација, посветеност и одговорност, денес официјално го започнува проектот наречен  „Чиста  10-ка“,  со  кој  има  цел  да  остави  значаен  белег  и  важен придонес кон заедницата.

Проектот „Чиста 10-ка“ е наменет за сите студенти и млади државјани на Р. Македонија на возраст од 18 до 35 години, кои имаат претприемачки дух, креативен пристап и желба да аплицираат со своја нова и остварлива бизнис- идеја. Сите заинтересирани можат да учествуваат во „Чиста 10-ка“ индивидуално или во тим со максимум 4 учесници.

Аплицирањето се врши онлајн, на веб-страницата  www.cista10.mk, во делот Аплицирај, каде што треба да се пополнат неколку групи прашања на англиски јазик кои, всушност, ќе ја презентираат структурата на самата бизнис-идеја. Конкурсот  „Чиста  10-ка“  е  отворен  за  апликации  од  денес,  четврток  (21 септември, 2017), сè до 22 октомври 2017, 23.59 ч.

Како дел од нашата стратегија да бидеме прв избор на банка, препорачана од страна на клиентите и банка која ги поддржува младите и заедницата, а по повод одбележувањето на 10-годишното присуство на глобалната банкарска групација Сосиете Женерал во Македонија, годинава го реализираме   проектот  „Чиста   10-ка“.   Од  секогаш  сум  верувала   дека младите се тие што можат да го променат светот, да воведат новини кои можеби другите на почеток не ги разбираат, но на крајот добиваме едно подобро место за живеење. Поради тоа ги охрабруваме сите млади, креативни и иновативни луѓе да земат учество и да ни ја испратат својата уникатна и остварлива бизнис-идеја, со која на крај сите ќе се гордееме. Најдобрата бизнис-идеја  ќе  биде  наградена  од страна  на Охридска  банка Сосиете Женерал со износ до 10.000 евра! За нас како банка, „Чиста 10-ка“ претставува императив во работењето, но истовремено и придонес кон општеството, мотив и поддршка за младите потенцијали на оваа земја, како и   поддршка на целокупното стопанство на земјата.“, изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Банката.

Повеќе информации на  www.cista10.mk

Прочитано 116 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не