gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска од Солун: Со меѓусебно разбирање до рушење на бариерите

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, е единствен говорник од бизнис секторот од Македонија на значајниот Самит за граѓанско општество кој се оджува во Солун, Грција, во рамки на Програмата за мир и човекови права. На едно место високи претставници на локална самоуправа, универзитетски професори, бизнис лидери, експерти, историчари, истражувачи од Република Македонија и Грција дискутираа за предизвиците во областите каде делуваат, на засебни сесии. Арсовска е панелист на сесијата посветена на економијата, заедно со Киријакос Лефакси, претседател на СЕВЕ и Димитрис Маркопулос, главен уредник на грчкиот дневен весник „Прототема“.

Уникатноста на овој Самит  е што  се отворија значајни прашања кои како експери од областите од двете земји тука заедно ги дискутираме. Откако ги детектиравме предизвиците најпрво потребно е суштински да ги разбереме за да можеме да пристапиме кон рушење на бариерите. Само на тој начин ќе отпочнеме да создаваме взаемна позитивна слика за другиот која треба да ни го трасира патот кон иднината. Несомнено е дека улогата на економијата во целиот тој процес претставува столб за зајакнување на билатерална соработка меѓу  Македонија и Грција, а Сојузот активно делува во насока на зголемување на соработка меѓу компаниите од двете земји, за што се превземени конкретни чекори“, изјави Арсовска и упати порака за стабилни економски добрососедски односи како чекор кон поголем економски раст на регионот.

Самитот го отвори со поздравно обраќање градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис. Грција е еден од петте најзначајни трговски партнери на Република Македонија. Најголемите инвестиции се во банкарскиот сектор, нафтената индустрија, трговијата и текстилната индустрија.  Минатата година, остварена е трговска размена во вредност од 598 милиони евра, извозот е 148 милиони евра, а увозот е 450 милиони евра.

Прочитано 159 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не