gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Производите на ГОРСКА отсега достапни за онлајн нарачка

Како современа компанија која ги следи светските трендови и секогаш во прв план ги зема потребите на потрошувачите, КОДИНГ - ГОРСКА создаде е-продавница, преку која отсега купувачите брзо и лесно ќе можат да ги нарачаат сите производи од нејзината палета, со БЕСПЛАТНА ДОСТАВА.

Навиките за онлајн купување последниов период стекнуваат сè поголема популарност помеѓу македонските потрошувачи. Имајќи ги предвид нивните потреби, брзиот начин на живот, заштедата на време и средства, ГОРСКА ја создаде е-продавницата kupigorska.mk. Преку неа, отсега потрошувачите можат да ги нарачаат сите производи од асортиманот на компанијата како што се - ГОРСКА вода, Староградско пиво, спортските пијалаци Горска Л-Карнитин и Изотоник, Гора сокови и ледени чаеви, Горска Мечка, како и вината на Далвина.

Купувањето преку kupigorska.mk e брзо, едноставно и безбедно, доставата е бесплатна, а истата има подеднаков бенефит како за физичките лица, така и за деловните субјекти, односно компании кои можат да нарачаат освежување од е-продавницата.

КОДИНГ-ГОРСКА е една од водечките компании на македонскиот пазар, препознатлива по квалитетната линија на производи во која спаѓаат вода, сокови, ледени чаеви, како и пиво. Компанијата во 2004 година ја изгради својата фабрика во Конопиште, а веќе следната година започна со производство и дистрибуција на Горска вода која за кратко време го освои домашниот пазар. Асортиманот на компанијата со секоја измината година се збогатуваше со врвни производи кои ја претставуваат силната и свежата страна на природата.

Посетете ја kupigorska.mk и наполнете ја својата кошничка со производите на ГОРСКА!

 

 

Прочитано 469 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не