gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за бесплатно учество на Саем за туризам во Јапонија

Почитувани членови,

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија – АППТРМ Ве информира дека АППТРМ и Јапонската Интернационална Агенција за Соработка (Japan International Cooperation Agency -JICA) како и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија заеднички ќе ја промовираат туристичката понуда на Балканскиот регион на Интернационалниот саем за туризам во Токио, Јапонија.

Во оваа насока, Ве известуваме дека јапонскиот партнер овозможи поддршка за македонските компании преку бесплатно учество на балканските земји на еден заеднички штанд и дава можност за бесплатно учество од туристичкиот сектор од секоја од балканските земји.

Саемот се одржува од 21-24 Септември 2017 година и учеството на истиот е бесплатно, а патните и трошоците за сместување се на товар на компаниите.

Доколку сте заинтересирани да учествувате Ве молиме да го пријавите Вашиот интерес на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефон: 02 30 91 440.

Прочитано 28 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не