gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: 75 мерки за структурни економски реформи во Република Македонија

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), на традиционалниот „Деловен појадок со претседателот на Владата на Република Македонија“ достави пакет од 75 мерки за спроведување на структурните економски реформи. Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и претседателот на Сојузот, г-ѓа Данела Арсовска, во присуство на  повеќе од 200 компании, амбасадори, ресорни министри, претседатели на комори,  во своите официјални обраќања ja истакнаа важноста од унапредувањето на јавно-приватниот дијалог, кој е од особено значење за спроведување на структурните реформи и за подобрување на инвестициската клима и деловното опкружување воопшто во Република Македонија.

Пакетот мерки е структуиран во неколку категории и секоја од предложените мерки е утврдена врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во соодветната област. Заеднички приоритети за сите сектори се  вклучувањето на деловната заедница како засегната страна со свои предлози и мислења во измените и носењето на законските решенија како би имале применлива легислатива. Понатаму, да се воспостави систем на работа на инспекциските служби при што мора да постојат точно утврдени акти поделени по сектори која документација е потребно да ја поседуваат компаниите, како би се овозможил простор за саморегулација за да се превенираат репресивни мерки и казнувања. Трето и најважно е регулирање на неформалната односно сива економија, која не допринесува во буџетот а во исто време е нелојална конкуренција на легално регистрираните субјекти. Во врска со ова прашање од страна на институциите би се понудиле две можности на оние кои нерегистрирано работат, или да се спречи да вршат нерегистрирана дејност или да се регистрираат и легално да вршат дејност и да плаќаат даноци“, изјави Арсовска и додаде дека во корелација на наведеното ефикасната администрација на централно и локално ниво е од големо значење, а како комора со Регионални канцеларии и членство на компании од цела Македонија, мерките се посветени и на стратешки план за рамномерен регионален бизнис развој на сите општини во Република Македонија во насока на зголемување на конкурентноста и подобрување на животниот стандард.

Aрсовска посочи дека, економските мерките доколку се имплементираат во целост се во насока на хармонизација со препораките на ЕУ за неопходноста од спроведување на структурните реформи и треба да обезбедат повисока стапка на раст на дог рок. На Деловниот појадок секторските претседатели во присуство на ресорните министри ги елаборираа најбитните економски мерки кои треба да се превземат за релаксирање на бизнис амбиентот.

Прочитано 664 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не