gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Повик за пријавување на проблеми во постапка за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост

Во насока на континуирано застапување на Вашите интереси, Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии на Република Македонија Ве информира дека во тек е Јавен Повик за пријавување на проблеми од имотно-правен карактер кој трае во месец јули, 2017 година.

Компаниите членови на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) кои се соочуваат со проблеми во постапка за приватизација на градежно земјиште односно постапки кои се во надлежност на Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии на РМ, истите може да ги пријават до ССК со доставување на следните податоци:

-       Назив на компанија

-       Број на предмет и

-       Општина во која се води предметот

 

Горенаведените податоци Ве молиме да ги доставите на е-маил: msaveska@sojuzkomori.org.mk, контакт лице: Маја Савеска.

Управата за имотно-правни работи ќе спроведе циклус на средби со компании и физички лица на кои им е потребна помош во постапката за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост за што дополнително ќе бидете информирани по доставување на Вашите пријави. 

Прочитано 190 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не