gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Денес во Охрид стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал „Биди банкар“

десетте избрани студенти, преку практични и тематски предавања, ќе се здобијат со професионално искуство од областа на банкарското работење

Денес во Охрид официјално стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете

Женерал, „Биди банкар“, којашто ќе трае сѐ до 28 јули 2017 година.

Претставници од Дирекцијата за човечки ресурси на Банката им посакаа добредојде и успешен старт на учесниците и ги воведоа во активностите што ќе следуваат во текот на Летната школа.

По спроведеното тестирање, беа избрани 10-те најдобри студенти на додипломски и постдипломски студии, кои, почнувајќи од денес, па сѐ до крајот на месец јули ќе бидат дел од Летната школа којашто се одржува во Охрид.

Програмата на Школата вклучува различни активности, како практична работа во дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од страна на вработените во Банката од областа на банкарското работење и финансиите, обуки за меки вештини, тематски работилници, како и многу забава, дружење и едукација.

Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот на трудот преку работилници за меки вештини, како и да овозможи едномесечно дружење, забава, учење и многу интересни активности кои ќе им помогнат во понатамошниот кариерен развој на учесниците.

По завршувањето на летната школа „Биди банкар“ на Охридска банка Сосиете

Женерал, сите учесници ќе добијат сертификат за учество во Школата. Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk

Прочитано 292 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не