gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Форумот за зелени работни места и еколошко образование

Изградбата на нови згради по нов стандард за енергетска ефикасност и надградбата на стари згради во Македонија се предвидува до 2030 година да отвори 3.500 нови работни места.

Потребата од зајакнување на средното стручно образование, состојбата на пазарот на труд и предизвиците со кои се соочуваат градежните компании од аспект на работна сила беа тема на Форумот за зелени работни места и еколошко образование кој се одржа денеска во Скопје, во организација на „Гоу Грин“ Скопје.

Според Александар Трпковски од „Гоу Грин“, стручното образование е предуслов за успешна имплементација на европските директиви и стандарди за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

– ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија, и соодветните директиви, нема да можат успешно да се имплементираат доколку немаме доволен стручен кадар. Затоа е многу важно да се зголеми атрактивноста и квалитетот на стручното образование за да поттикне интерес кај младите луѓе да го изучуваат. Со нашата иницијатива изработивме програми за слободни часови за градежната, машинската и електротехничка струка во средните стручни училишта кои се надеваме ќе побудат желба кај младите повеќе да ја изучуваат енергетската ефикасност, изјави Трпковски, се вели во соопштението на „Гоу Грин“.

Истражувањето на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, покажува дека во секторот на градежништво во Македонија се вработени 10.000 работници на возраст над 60 години. Се очекува овие лица да се заменат со 7.000 нови вработени додека дополнителни 5.000 да се вработат во секторот за имплементација на мерките за енергетска ефикасност.

Според Дафинка Саздова од градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори, недостатокот на работна сила е сериозен предизвик кој мора да се адресира системски.

– Градежните фирми се соочуваат со голем недостаток на работници од различен профил, гипсери, монтери, фасадери, тесари и слично, и голем број заминуваат во странство. Надлежните институции мора да дадат поддршка на приватниот сектор, како на пример даночни олеснувања за енергетски ефикасни објекти, за да може да се ослободи капитал кој би се насочил во подобрување на условите за работниците, посочи Саздова.

Форумот е дел од проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ финансиран од Европската унија и поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Прочитано 204 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не