gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Хан, Арсовска и Економи ќе го отворат „ЕУ- Западен Балкан инвестицискиот форум“ организиран од Европската комисија

Хан, Арсовска и Економи ќе го отворат „ЕУ- Западен Балкан инвестицискиот форум“ организиран од Европската комисија

7 јуни 2017, Србија - Европскиот комесар Јоханес Хан, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија(ССК), Данела Арсовска и министерот за економија на Албанија,  Милва Економи,  ќе го отворат „Форумот за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан“, кој ќе се одржи утре во Белград.

На првата панел сесија Хан, Арсовска и Економи заедно ќе дискутираат за структурните реформи потребни за подобрување на инвестициската клима, регионалната економска интеграција како и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ.

Лидерите на Западен Балкан креатори на економските политики, инвеститорите на ЕУ, регионалните и локалните бизниси на тематските панел сесии ќе разговараат и за моделите кои водат кон зголемено учеството на приватниот сектор во креирањето и спроведувањето на структурните реформи.  

Конференцијата е организирана од страна на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија и има за цел да ја истакне важноста на координацијата на економските политики за унапредување на економскиот и општествен напредок, во стратегијата на проширување на ЕУ.

Конференцијата се одржува само две недели по годишниот економски и финансиски дијалог на ЕУ со земјите на Западен Балкан и Турција во Брисел.

Во прилог Ви ја испраќаме Програмата за Форумот.

Прочитано 497 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не