gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

„Виола“ Аптеки - 25 години постоење

Во пригодна свечена атмосфера во присуство на бројни гости „Виола“ Аптеки го прослави своето 25 годишно постоење. "Виола" Аптеки е современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Од своето основање во 1992 год., компанијата бележи континуиран развој. Визијата - да понуди комплетна услуга на граѓаните, ја реализираа со фунцкионирањето на двете компании: "Виола" Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд.

Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на тимот на фармацевти и доктори.

Не отстапуваат од принципите на работење: снабденост со лекови во секое време, секогаш блиску до потрошувачите, висока професионалност, стручност и експедитивност при услугата, тимска работа и секогаш отворени за нови идеи и знаења.

Оваа успешна компанија е дел од Сојуз на стопански комори на Македонија.

Прочитано 441 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не