gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Отворен новиот ексклузивен центар за Јагуар и Ленд ровер во Скопје

Со авангардна музичко-сценска изведба официјално беше отворен новиот ексклузивен центар за Jагуар и Ленд Ровер во Скопје. Новиот објект е лоциран на улица Скупи и веќе од денес е подготвен да ги услужи како постојните сопствениците на Јагуар и Ленд Ровер, така и новите клиенти заинтересирани за британските премиум автомобили.

Врвниот квалитет и иновативноста во комбинација со легендарниот британски дизајн и креативниот инженеринг се белезите по кои е препознатлив овој бренд. Софистицираноста и беспрекорноста се главните карактеристики на новиот продажен салон, кој е дизајниран според сите стандарди на Јагуар и Ленд Ровер. Тоа што посетителите го гледаат тука е идентично со тоа што може да го видат во кој било ваков овластен центар секаде во светот. Новиот центар за Јагуар и Ленд Ровер опфаќа 680 м2 и истиот се состои од изложбено-продажен простор за нови автомобили, како и дел за сертифицирани користени возила. Воедно, новиот објект нуди и единствени, овластени од производителот на Јагуар и Ленд Ровер, постпродажни и сервисни услуги.

- Се гордееме што имаме привилегија да ги застапуваме најпрестижните брендови во автомобилската индустрија Јагуар и Ленд Ровер. Потпирајќи се на нашето досегашно искуство, се надеваме дека „Аутомобили груп“ ќе ги исполни очекувањата на голем број почитувачи на овие марки. Пријатната атмосфера на објектот овозможува секој посетител да се чувствува добредојдено, а за нашите вработени претставува одлично место за работа. Како таков, новиот објект не само што го поддржува позиционирањето на марките Јагуар и Јенд Ровер, туку го става клиентот во срцето на секој дел од нашето работење - изјави генералниот директор на „Аутомобили груп“, Кочо Бураку.

На свеченото отворање говор одржа и Антон Талпа, регионален менаџер за продажба на Јагуар и Ленд Ровер, задолжен за европскиот регион. Тој накратко ги запозна присутните со глобалната експанзија на овој британски производител.

Гостите што беа дел од настанот имаа можност одблиску да уживаат во изложените модели меѓу кои и новитетите Jaguar F-Pace и Land Rover Discovery. 

Аутомобили груп е компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија. 

 

Прочитано 504 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не