gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Пресконференција: „Зголемување на квалитетот на човечките ресурси – процес кој не смее да запре“

.

На денешната Прес конференција на Сојуз на стопански комори (ССК) предводена од г. Дарко Велков, член на Управен одбор на  ССК, се дискутираше за потенцијалите на човечките ресурси во малите и средни претпријатија како и законската регулатива во РМ.

Стопанството во РМ во изминатите години во делот на човечките ресурси воведе промени кои доведоа до негово подобрување, и истите треба постојано да се надградуваат, бидејќи не се доволно прифатени од сите компании во стопанството. Имено, кадровите одделенија од компаниите прераснаа во одделенија за човечки ресурси, и многу повеќе се посветува внимание на квалитетот на кадарот и задржување на истиот. Во целиот процес на унапредување, се уште се потребни промени во три правци кои го детерминираат развојот на квалитетниот кадар.

Имено, во делот на регулативата, веруваме дека со допрецизирање на членот 14 од Законот за стручно образование, ќе се овозможи зголемено побарување на компаниите за кадар од средното стручно образование. Во членот 14 потребно е јасно да се утврди каков тип на надоместок би добиле компаниите доколку постојано ангажираат ученици од средното стручно образование, а притоа истите мора да имаат ментор со менторска програма од компанијата кој ќе го следи нивниот напредок и учење во компанијата низ целата нивна пракса. Целта е со нивното подобро запознавање на работата, сопствениците на компаниите да имаат веќе стекната доверба во учениците и голем дел од нив да ги задржат во своите компании. Со тоа ќе се овозможи голем број на ученици да се остручат и веднаш да бидат работно ангажирани во компаниите во кои имале пракса. Тоа ќе води до зголемување на вработеноста на младата популација, а исто и унапредување на продуктивноста на компаниите.

Вториот правец е во делот на претприемништвото, односно кои промени се потребни во стопанството. Дојде времето кога треба да се задржи најквалитетниот кадар, и притоа треба постојано да се инвестира во создавање на подобри услови за кадарот во компаниите. Како мала држава со ограничени ресурси, навистина може да се направи разлика доколку постои квалитетен кадар, и по тоа нашата економија да биде препознатлива. Без разлика на големината на компанијата, потребно е да се инвестира во одделенија за човечки ресурси кои ќе бидат посветени на водењето на кадарот и подобрувањето на нивните компетенции. Притоа, потребно е континуирано инвестирање во обуки во делот на техничките вештини и подобрување на т.н меки вештини. Исто така, потребно е да се работи на создавање на среден менаџмент во компаниите за поголема организираност и поголема продуктивност. Дополнително, во истиот е потребно интензивно инвестирање од страна на стопанството за подобрување на нивните т.н меки вештини (лидерски, мотивациски, управувачки и вештини за делегирање)

Третиот правец е во дел во кој сите учествуваме и подеднакво сме одговорни за сегашните и идните генерации. За да се разликува нашиот кадар, исто така мора да има и персонални карактеристики, кои се барани од стопанството, а најмногу се учат во домашна средина и на најрана возраст. Тие карактеристики се барани во светот и единствено одговорноста е само наша, доколку не ги едуцираме своите деца во правилна насока. Тоа подразбира ние родителите несебично и постојано да се вложуваме во правилна едукација на нашите деца за притоа истите да ги имаат следните компетенции: културно однесување, деловно обраќање, да бидат лојални кон брендот, постојано да искажуваат иницијатива, да научат да почитуваат авторитет, да научат да бидат максимално посветени на работата и да имаат желба за лично усовршување.

4 мај, 2016 година

Прочитано 551 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не