gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Реформaта на инспекциските служби значајна за работата на компаниите

Да се воспостави систем на работа на инспекциските служби со точно утврдени акти поделени по сектори која документација е потребно да ја поседуваат компаниите, како би се овозможил простор за саморегулација за да се превенираат репресивни мерки и казнувања, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Потпретседателот на комората, Александар Милошевски истакна дека унапредување на начинот на спроведување надзор е од големо значење за непречено  фукнционирање на приватниот сектор.

Целата постапка и начинот на вршење на надзорот е значаен при спроведување на инспекциската контрола. Превенција и едукација, па потоа санкција, модернизирање на инспекциските служби и зајакнување на нивните капацитети и пред се создавање на систем на јасно дефинирани правила на игра кои ќе важат и ќе се почитуваат подеднакво во сите компании е предуслов за подобрување на квалитетот на инспекциската контрола. Потребно е да се промени перцепцијата за инспекциска контрола, компаниите да не стравуват дека ќе бидат санкционирани кога ќе дојде инспектор во контрола, туку напротив инспекторите да бидат еден вид регулатори и во функција на подобрување на работата на компаниите“, изјави Милошевски.

Според анализите за минатата година,  најголем проблем во времето на инспекциски надзор сè уште е инсистирањето да се најдат нерегуларности и компаниите укажуваат на  недоволна подготвеност на инспекторите. Најголем дел од инспекциите се кај микро, малите и средни компании. Најчести се контролите на УЈП и Царинската управа, потоа Државен трудов инспекторат, Пазарен инспекторат, Инспекторат за здравје и заштита при работа, Агенција за храна и ветеринарство и сл.

Најголемите инспекции се вршат во секторите туризам и угостителство, текстилна индустрија и градежништво, а најмали контроли има во секторот ИКТ. Детектирано е дека недостасува иницијатива кај инспекторите за едукација, а честите промени во регулативата претставуваат проблем, особено за малите и микро претпријатија кои немаат капацитет да ги следат промените за потребната документација која треба да ја приложат при инспекциска контрола“, додаде Милошевски.

Консултација на бизнис заедницата за новиот Закон за инспекциски надзор на Министерството за информатичко општество и администрација кој е во фаза на подготовка е од особено значење. Според информациите новиот Закон ќе биде во насока на  надминување на неконзистентноста и слабостите на актуелниот Закон за инспекциски надзор од 2010 година и воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик, олеснување и поголема правна сигурност за субјектите на надзор, пред сè од приватниот сектор со воведување на унифицирани правила и задолжителност на листи за проверка при редовниот инспекциски надзор.

Прочитано 10 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не