gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Градежниот сектор го поздравува продолжувањето на мерката 5 % ДДВ

Градежната комора на Македонија, по повеќе месечни апели за продолжување на мерката за 5 % ДДВ за продажба на станбен простор, ја поздравува донесената одлука за предвидените законски измени на Министерството за финансии на Република Македонија, со кои се продолжува рокот за оваа мерка заклучно до 2023 година. Оваа законска измена е од особено значење за приватниот сектор и сите граѓани на Република Македонија.

„Отвореноста за консултации со релевантните засегнати страни и прифаќањето на конструктивните мерки предложени од страна на деловната заедница се значаен чекор во воспоставувањето на квалитетен јавно приватен дијалог кој веруваме ќе допринесе за долгорочно позитивни ефекти за стопанството, но и за целокупната национална економија. Усвојувањето на барањата  на бизнис секторот од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, значи поттик за остварување на планираните инвестиции не само за градежните компании, туку и за над 26 други стопански гранки директно поврзани со градежништвото“, изјави Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора на Македонија.

Тој истакна дека ова е една од клучните мерки за стабилизирање на работата во градежниот сектор. Градежната комора во рамки на своите работни групи, активно предлага мерки за подобрување на состојбата во секторот градежништво.

Капиталните инвестиции се значајни за долгорочен раст на економијата. Сметаме дека  со започнување на активностите и градежната офанзива на неколку делници, како и на предвидените проекти поврзани со железница, гасификација, изградба на нови  водоводи и канализации, нови градинки и училишта низ повеќе општини во Република Македонија, тој тренд на негатива ќе се надимине. Потребно е да се постави  одредена динамика во која точно ќе се знае обезбедената инвестиција, динамичката реализација, начинот на плаќање, редовно сервисирање во делот на плаќање, редовно извршување на обврските кои се предвидени каде влегуваат и временските услови, рече Јаќимовски укажувајќи дека  нема да има пролонгирање на рокови ако сите се придржуваат до динамичкиот план.

Претседателот на Градежната комора на Македонија  уште еднаш потенцира дека за градежништвото е од особено значање квалитетната администрација, запазување на предвидени законски рокови за изградба како и стратешко и долгорочно планирање без застој при изградба, без разлика дали се работи за високо градба или ниско градба. Тој додаде дека одредени недоследности треба да бидат елиминирани и предвидени пред самиот старт на градба, во спротивно тоа ги зголемува трошоците за сите чинители во процесот на градење

Прочитано 23 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не