gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска од самитот во Софија: Обединет регионален пазар е наша иднина

18 мај 2018, Софија, Бугарија –  Спроведување на економските реформи за привлекување инвестиции, поддршка за проекти кои ќе ја подобрат транспортната и енергетската инфраструктура, можности за зголемување на средствата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан, обединување на земјите од регионот, поголема соработка меѓу владите и стопанствениците како и заеднички инвестиции во функција на раст и стабилност е фокусот на економскит сегмент на Самитот ЕУ Западен Балкан Софија 2018,  рече претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска која во своето обраќање нa отворањето на Виенскиот економски форум вчера вечер ја истакна важноста од спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската Унија. Економскиот форум продолжува и денес со учество на премиерите на државите од Западен Балкан.

Спроведувањето на економските реформи во земјата со приоритет на регулаторната реформа, реформи на енергетскиот и транспортниот пазар, намалување на неформалната економија и функционирањето на пазарот како и доследност на политиките, владеење на правото за привлекување и задржување на инвеститорите се приритетите кои  значат заедничка работа на сите важни чинители во општеството како клучни за постигнување економски раст, конкурентност и подобар животен стандард. Потребно е искористување на достапните фондови за да изградиме силна економска мрежа со земјите од Западен Блакан, како обединет пазар кој ќе го зајакне регионот и  ќе го приближи до ЕУ“, изјави Арсовска.

Европската Унија во консултација со земјите од Западен Балкан ја усвои декларацијата од 17 точки на самитот на ЕУ-Западен Балкан. Во согласност со документот, ЕУ и на овој самит ја потврди поддршката за европската перспектива на Западен Балкан и изрази одлучност да ја зајакне својата вклученост на сите нивоа за да ја поддржи политичката, економската и социјалната трансформација на регионот. Меѓу другото, во декларацијата се вели дека ЕУ се обврзува значително да ја поттикне поврзаноста во транспортната, енергетската, дигиталната и економската сфера, а се додава и дека ЕУ се согласува да промовира поволна пазарна и инвестициска средина во Западен Балкан за тој побргу да се придвижи кон дигиталната економија и кон одржливите општества што ги почитуваат одредбите за климата во согласност со парискиот договор.

Претседателот на Сојузот Арсовска, ја предводи бизнис делегацијата на Република Македонија која е најголема од земјите од Западен Балкан, со традиционално учество на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Таа е специјален гостин на Виенскиот економски форум под покровителство на бугарското претседателство на Советот на Европската Унија.

Самитот е еден од клучните настани за време на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија, кој ги поврзува сите 28 шефови на држави или влади на ЕУ со премиерите на Западен Балкан. Целта на Виенскиот економски форум е да изгради мост помеѓу бугарското претседателство на Советот на ЕУ и следното австриско претседателство со Европскиот совет. 

Прочитано 108 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не