gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Претседателот на ССК Арсовска панелист на 21. Евроазиски економски самит

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска на покана на претседателот на ФМА, д-р. Акан Сувер, ќе биде панелист на сесијата "Жени кои го менуваат светот“ на 21 Евроазиски економски самит, кој официјално започнува денес.

Самиот на највисоко ниво ги обединува атуелните и поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави. Ќе се дебатира на значајни теми од денешницата како „Технологија наспорти политика“, „Паметни градови“, Климатски промени“.

Евроазискиот економски форум има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток,како јакнење на економските врски, подобрување на регионалната соработка со цел да помогне во максимизирање на можностите што ги создава процесот на глобализација и минимизирање на неговите негативни ефекти.

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија Арсовска е прва жена претседател на национална комора на Балканот и втора година по ред е панелист на овој стратешки економски самит, кој се организира од 1998 година.

Прочитано 141 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не